Разиграниот Коло Муани му донесе победа на Јувентус кај Комо (ВИДЕО)

February 7, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Разиграниот Коло Муани му донесе победа на Јувентус кај Комо (ВИДЕО)

Јувентус запиша нов триумф во Серија А, совладувајќи го Комо со 2-1 на отворањето на 24. коло. Иако не блескаше на „Џузепе Синигаља“, тимот на Тијаго Мота успеа да стигне до трите бода благодарение на Рандал Коло Муани, кој беше херој со два погодоци. Комо започна енергично, создавајќи шанси преку Нико Паз и Да Куња, но без реализација. Гостите поведоа во 34. минута кога Коло Муани со индивидуален потег ја затресе мрежата. Сепак, домаќините успеаја да израмнат пред паузата – Кутроне одлично нафрли, а Асане Диао погоди за 1-1 во судиското продолжение. Во вториот дел, натпреварот беше мирен со неколку измени, а решавачкиот момент дојде во 89. минута кога Јувентус доби пенал. Коло Муани презеде одговорност и прецизно реализираше, донесувајќи победа за својот тим. Со ова, „бјанконерите“ стигнаа до 43 бода и барем привремено се искачија на четвртото место.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.