Реагираше и Атлетико и го нападна комшијата: Престанете, го уништувате имиџот на шпанскиот фудбал

April 26, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Реагираше и Атлетико и го нападна комшијата: Престанете, го уништувате имиџот на шпанскиот фудбал

Однесувањето на Реал Мадрид и неговото раководство предизвика бран критики во шпанската спортска јавност, особено меѓу оние што не му се наклонети на најтрофејниот клуб. Атлетико Мадрид експресно реагираше преку социјалните мрежи, застанувајќи во одбрана на судиите и испраќајќи порака. „Ова е неподносливо. Престанете да го уништувате имиџот на шпанскиот фудбал“, со хаштаг „Стоп за обвинувањата кон судиите“. Флорентино Перез и неговиот тим вчера спроведоа невидена хајка против судијата Рикардо де Бургос Бенгоечеа, што предизвика бурни реакции и во медиумите надвор од Мадрид.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.