October 6, 2024 | | Свет
Поради тешката повреда на Дани Карвахал за кого сезоната е завршена поради скинати лигаменти на десното колено, Реал Мадрид уште во јануари планира да тргне по Трент Александер-Арнолд, пишува „Sport“. Единствената опција на десната бековска позиција во моментот е Лукас Васкез. Веќе одреден период, Реал Мадрид преговара со Англичанецот кој во моментов одбива нов договор од Ливерпул. Првичниот план на Реал Мадрид беше да го донесат Трент бесплатно наредното лето бидејќи неговиот договор истекува во јуни 2025 година, но по повредата на Карвахал, трансферот би можел да се реализира уште зимово, ако Ливерпул биде отворен за такво нешто.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |