Реал е спремен да ја прекрши традицијата за да го ангажира Тах!

November 12, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Реал е спремен да ја прекрши традицијата за да го ангажира Тах!

Реал Мадрид е спремен во јануари да ангажира стопер поради тешката повреда на Милитао за кого сезоната е завршена. Како што пренесува новинарот Флоријан Плетенберг, една од опциите за тимот од Мадрид е Џонатан Тах, стоперот на Баер Леверкузен кој нема да го продолжи договорот кој му истекува летото, па или ќе замине во јануари или бесплатно по завршувањето на сезоната. Трансферот би можел да стане реална опција во јануари, а Баерн Минхен и понатаму е заинтересиран да го ангажира Германецот откако летото не постигна договор со Леверкузен. Во случај Реал Мадрид да го доведе Тах, би прекршил едно непишано правило во својот клуб бидејќи пет години „кралевите“ не купиле фудбалер во зимскиот преоден рок. Овој новинар додаде дека во моментов трансферот на Серхио Рамос не се разгледува како опција.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.