January 19, 2025 | | Свет
Реал Мадрид убедливо славеше над Лас Палмас со 4:1 во рамките на 20. коло од шпанската Ла Лига, зацврстувајќи ја својата позиција на врвот од табелата. Иако мечот започна шокантно за „кралевите“, со гол на Силва во првата минута, тоа само ги разбуди амбициите на фаворитот. Во 18. минута, Мбапе го врати резултатот во рамнотежа со прецизен удар од пенал, отворајќи го патот за пресврт. Диаз го донесе Реал во водство во 33. минута, а само три минути подоцна, Мбапе повторно ја затресе мрежата на Лас Палмас за 3:1. Францускиот напаѓач имаше уште еден погодок во завршницата од првото полувреме, но истиот беше поништен по интервенција на ВАР поради офсајд. Во вториот дел, Родриго ја запечати победата со четвртиот гол, поставувајќи ги конечните 4:1. Со овој триумф, Реал Мадрид ја искористи грешката на Атлетико Мадрид, кој беше поразен од Леганес, и сега се наоѓа на врвот од табелата со 46 бодови. Атлетико е втор со 44, а Барселона останува трета со 39.
BRAHIM WHAT A GOAL pic.twitter.com/S3hOSWIW3g
— Dr Yash (@YashRMFC) January 19, 2025
KYLIAN MBAPPE UNREAL GOAL WOW HE IS TRULY BACK pic.twitter.com/Qu95mnzHiM
— WolfRMFC (@WolfRMFC) January 19, 2025
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |