Реал го потврди трансферот на талентираниот Аргентинец: Реал плати 63 милиони, а не 45

June 13, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Реал го потврди трансферот на талентираниот Аргентинец: Реал плати 63 милиони, а не 45

Клубот од „Сантијаго Бернабеу“ официјално го потврди трансферот на аргентинското фудбалско чудо, Франко Мастантуоно, кој на 14 август ќе пристигне во шпанската престолнина и ќе стави потпис на договор до 2031 година. Се работи за спектакуларна зделка вредна 63,2 милиони евра, што ја прави најскапата во историјата на аргентинскиот фудбал. Според официјалните податоци од Ривер Плата, клубот ќе инкасира 45 милиони евра нето – точно колку што изнесуваше откупната клаузула во договорот на 16-годишниот плејмејкер. Остатокот се поврзува со даноци, агенциски провизии и бонуси. Распределба на остананите средства: 11,8 милиони евра – За шпанските даночни власти, 1,4 милиони евра – За Здружението на фудбалери, 0,9 милиони евра – За структурните фондови на АФА, 3,6 милиони евра – Според одлука 510/2023, 0,5 милиони евра – За разни административни и други надоместоци. Во трката за потписот на талентираниот Франко, „кралевите“ ја победија конкуренцијата на моќниот ПСЖ. Мастантуоно се смета за еден од најголемите фудбалски таленти кои произлегле од аргентинската школа во последната деценија.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.