April 13, 2025 | | Свет
Реал Мадрид запиша минимална, но значајна победа од 1-0 на гостувањето кај Алавес, што воедно беше и првпат оваа сезона да слават со ваков резултат во Ла Лига. Натпреварот беше обележан со два црвени картони и поништен гол уште во првото полувреме. Кралевите први се заканија уште во 19. минута, кога Асенсио ја затресе мрежата, но погодокот беше поништен поради претходен фаул. Во 34. минута, Камавинга ја искористи една од шансите и со прецизен удар донесе предност за Реал Мадрид, која на крајот се покажа и како конечен резултат. Натпреварот доби на драматичност во 38. минута, кога Мбапе доби директен црвен картон, оставајќи ги „кралевите“ со играч помалку. Сепак, во 70. минута и Алавес остана со десет фудбалери, откако Санчез исто така беше исклучен, со што силите на теренот повторно се израмнија. Во однос на крвничкиот старт на Мбапе, ако судијата во својот извештај наведе дека стартот бил опасен каде што факт е дека е така, тогаш Мбапе ќе биде суспендиран минимум четири натпревари. Со овие важни три бода, Реал Мадрид го задржа ритамот во борбата за титулата, а сега вниманието го пренесуваат на реваншот против Арсенал, каде што ќе се обидат да надоместат негатива од три гола.
CAMAVINGA WHAT A GOAL! 🤯 pic.twitter.com/WtsBq8JTY0
— TC (@totalcristiano) April 13, 2025
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |