October 2, 2024 | | Свет
Реал Мадрид и Баерн Минхен се поразени во второто коло од Лигата на шампионите, Ливерпул сигурен против Лил, а Јувентус со играч помалку успеа да направи пресврт и да победи. Тимот од Мадри се „сопна“ на гостувањето кај Лил каде изгубија со минимални 1-0 со голот на Џонатан Дејвис од пенал во првото полувреме. Ова беше бледа партија на „белите“ и ова е нивни прв пораз сезонава во сите натпреварувања. Баерн Минхен исто така остана без бодови откако изгуби од Астон Вила на гостувањето во Бирмингем. Решавачкиот гол го постигна Џон Дуран во 79. минута откако забележа дека Ноер е несигурен за тоа дали треба да интервенира или не, па Колумбиецот реши да шутира и да погоди. Ливерпул рутински славеше против Болоња со 2-0. Резултатот го отвори Мек Алистер во 11. минута на асистенција на Салах, а потврдата дојде во 75. минута каде Салах постигна гол на асистенција на Собослаи. Јувентус одигра неверојатен натпревар и успеа да слави на гостувањето кај Лајцпиг со 3-2. Шешко постигна гол во 30. минута, Влаховиќ врати во 50. минута. Голманот на Јувентус Ди Грегорио заработи црвен картон во 59. минута, а Шешко повторно стрелаше и тоа во 65. минута од пенал. И покрај тоа што беа со играч помалку, Јуве после само три минути возврати преку Влаховиќ, а комплетниот пресврт дојде преку Консеисао во 82. минута на асистенција на Фаџиоли. Јуве сега има две победи на првите два натпревари.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |