January 21, 2025 | | Свет
Баерн Минхен успеа да ја избегне загубата на еден од своите клучни играчи, Алфонсо Дејвис, кој привлекуваше интерес од големиот европски ривал Реал Мадрид. Иако канадскиот репрезентативец долго не се согласуваше со условите за продолжување на договорот, „бундеслигашот“ очигледно ги задоволи неговите барања. Германските медиуми објавуваат дека 24-годишниот фудбалер добил понуда за годишна плата од 15 милиони евра, што било клучниот фактор за да се согласи на продолжување на соработката за најмалку четири години. Реал Мадрид, кој се надеваше дека ќе го доведе Дејвис како слободен агент за да ја зајакне позицијата лев бек, доби официјална потврда од играчот дека останува во Минхен. Со ова, „кралевите“ веќе се насочуваат кон други опции на трансфер пазарот. Шпанскиот весник Marca истакнува дека оваа одлука на Дејвис е голема победа за Баерн Минхен, кој успеа да го задржи еден од своите најважни играчи и да го зацврсти својот тим за иднината. Потпишувањето на новиот договор се очекува да биде официјално потврдено во следните денови.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |