Реал има три опции за стоперската позиција во јануари

November 11, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Реал има три опции за стоперската позиција во јануари

Реал Мадрид ќе биде приморан да ангажира стопер во јануари поради тешката повреда на Едер Милитао кој ги скина вкрстените лигаменти на коленото и ќе го пропушти остатокот од сезоната. Како една од опциите која вртеше низ медиумите беше Серхио Рамос, но во моментов минимални се шансите за таков трансфер. Според мадридски „AS“ враќањето на Рамос не е во плановите на Реал, иако како слободен играч може да дојде веднаш. Новинарот Серхио Лопез тврди дека опции за стоперската позиција се Ејмерик Лапорт од Ал Наср, Кастело Лукеба од Лајпциг и Џонатан Тах од Баер Леверкузен. Во моментов единствен здрав стопер во редовите на Реал Мадрид е Антонио Ридигер.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.