February 11, 2025 | | Свет
Манчестер Сити поведе против Реал Мадрид со 1-0 на „Етихад“ во дерби натпреварот од Лигата на шампионите, откако Ерлинг Халанд постигна гол во 19. минута. Пред да го прими голот, Реал Мадрид имаше неколку одлични можности. Најпрво Килијан Мбапе излезе сам пред голот, но Едерсон го спречи да постигне погодок. Потоа, Ферланд Менди имаше шанса со празна мрежа, но Натан Аке во последен момент интервенираше. Иако гостите доминираа во тие моменти, Манчестер Сити успеа да ја издржи серијата напади и да ја искористи грешката на Асенсио. По додавање на Гвардиол, Халанд го совлада Куртоа и го донесе својот тим во водство. Судијата четири минути го проверуваше погодокот, но на крајот го призна. Веднаш потоа, Винисиус Жуниор ја погоди пречката, но резултатот остана непроменет.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |