Реал изненаден: Винисиус ја одбил понудата за нов договор!

February 7, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Реал изненаден: Винисиус ја одбил понудата за нов договор!

Реал Мадрид се обидува да го задржи Винисиус Жуниор со нов договор, но бразилскиот напаѓач засега го одбива предлогот. Во последните месеци се појавија шпекулации дека богатите клубови од Саудиска Арабија подготвуваат астрономска понуда за да го доведат Винисиус. Иако клубот сака да го продолжи договорот, Бразилецот е незадоволен од финансиските услови, особено во споредба со огромната понуда од Саудиска Арабија, која изнесува 200 милиони евра по сезона. Реал не е подготвен да му даде толкава сума и засега преговорите се во застој. И двете страни имаат време да донесат конечна одлука, но најдоцна до летото ќе мора да биде јасно дали Винисиус ќе остане на „Сантијаго Бернабеу“ или ќе бара нова авантура. Неговиот актуелен договор со Реал Мадрид важи до 2027 година, а според „Трансфермаркт“, неговата пазарна вредност е околу 200 милиони евра.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.