Реал лесно го среди Леванте со четири гола во мрежата! (ВИДЕО)

September 23, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Реал лесно го среди Леванте со четири гола во мрежата! (ВИДЕО)

Килијан Мбапе продолжува со феноменален старт на сезоната – со двата погодоци против Леванте стигна до бројката од седум гола на шест натпревари. Францускиот напаѓач беше клучна фигура во убедливата победа на Реал Мадрид од 4-1 на гостувањето во Валенсија. „Кралевите“ немаа проблеми на теренот каде што Барселона се мачеше пред само еден месец. Леванте успеа да се држи во игра нешто повеќе од половина час, но потоа Винисиус и младиот Мастантуоно со два брзи гола донесоа мирна предност за гостите на полувремето. Домаќините се обидоа да се вратат во игра преку Ета Ејонг на стартот од второто полувреме, но реакцијата траеше кратко. Мбапе прво беше прецизен од белата точка за 3-1, а потоа по маестрална асистенција на Ѓулер ја затресе мрежата уште еднаш, ставајќи печат на триумфот. Со шестата последователна победа, Реал останува единствениот тим со максимален ефект во Ла Лига и со големо самодоверба го очекува големото дерби против Атлетико во сабота навечер.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.