Реал Мадрид бесен: Како ова не е црвен картон? (ВИДЕО)

April 2, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Реал Мадрид бесен: Како ова не е црвен картон? (ВИДЕО)

На „Сантијаго Бернабеу“ се одигра вистинска фудбалска драма, во која Реал Мадрид и Реал Сосиедад приредија спектакл со осум погодоци (4:4) во реваншот од полуфиналето на Купот на Кралот. Иако „кралевите“ изборија пласман во финалето, натпреварот не мина без контроверзи што ги разгореа страстите на теренот и трибините. Најспорниот момент се случи во 106. минута, кога Џон Андер Оласагасти со остар старт го сопре налетот на Винисиус по левото крило, предизвикувајќи лавина од реакции во редовите на Мадрид. Играчите на домаќинот жестоко протестираа, убедени дека фудбалерот на Сосиедад заслужува директен црвен картон, но судијата Рохас Алдерола остана на својата одлука и му додели само жолт. Оваа одлука предизвика вистинска бура, а „Марка“ не остана рамнодушна, опишувајќи ја ситуацијата како „еден од најбруталните стартови што Винисиус ги доживеал во својата кариера“. Тензијата не стивнува, а реакциите сè уште одекнуваат во фудбалската јавност.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.