July 20, 2024 | | Свет
Реал Мадрид е заинтересиран за дефанзивецот на Борусија Дортмунд, Нико Шлотербек, пренесува „Bild“. Тој играше за националниот тим на Германија на Европското првенство, а одигра и одлична сезона во Дортмунд каде и помогна да се пласираат во финалето на Лигата на шампионите каде загуби токму од Реал Мадрид. Освен Реал, Арсенал и Ливерпул се исто така заинтересирани за неговите услуги. Тој дојде во Борусија Дортмунд од Фрајбург во 2022 година за 20 милиони евра. Неговиот договор е до 2027 година, а неговата цена е околу 40 милиони евра. Реал Мадрид во моментот има интерес и за уште двајца германски репрезентативци, Флоријан Вирц од Баер Леверкузен и Џошуа Кимих од Баерн Минхен.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |