Реал Мадрид го доведе Мастантуоно и пронајде начин да го заобиколи финансискиот фер-плеј

August 15, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Реал Мадрид го доведе Мастантуоно и пронајде начин да го заобиколи финансискиот фер-плеј

Реал Мадрид вчера го претстави своето ново засилување – аргентинскиот талент Франко Мастантуоно, кој токму на денот на потписот наполни 18 години. „Кралевите“ за него платија 45 милиони евра, а со бонуси сумата може да достигне и до 63 милиони. Со ова, летното трошење на клубот достигна 167 милиони евра, додека од продажби заработија само два милиони – од трансферот на Алваро Родригез во Елче. Но, претседателот Флорентино Перез повторно најде начин да ги заобиколи строгите правила на Ла Лига за финансиски фер-плеј. Мастантуоно е официјално регистриран како играч на вториот тим, Реал Кастиља, поради што ќе настапува со број 30 (првотимците носат броеви од 1 до 25). Така, неговата плата „на хартија“ не го оптоварува буџетот на првиот тим и не создава проблеми со ФФП – иако е јасно дека Аргентинецот нема да игра или тренира со третолигашот. Перез има долгогодишна практика да користи вакви креативни решенија. Иако платите во Реал често се пониски од оние во другите европски гиганти, договорите содржат лесно остварливи бонуси (како број на настапи или постигнати голови) кои им носат големи приходи на фудбалерите.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.