Реал Мадрид го прекинува бојкотот: „Кралевите“ со силна делегација на „Златната топка“

October 23, 2026 | Kristijan Trajchov | Свет

Реал Мадрид го прекинува бојкотот: „Кралевите“ со силна делегација на „Златната топка“

По две години отсуство и бојкот, Реал Мадрид повторно ќе има значајно присуство на церемонијата за доделување на „Златната топка“. Според „Л’Екип“, претставници на мадридскиот клуб ќе пристигнат во Лондон за овогодинешниот настан. Одлуката претставува промена во односот на „кралскиот клуб“ кон церемонијата. Во 2024 година, Реал реши да не присуствува откако стана јасно дека Родри ќе ја освои наградата пред Винисиус Жуниор. Минатата година, клубот повторно немаше значајна делегација, а неговото присуство беше сведено на Каролин Веир од женскиот тим. Овојпат, Реал ќе биде претставен од неколку познати имиња. Меѓу номинираните за главната награда се Килијан Мбапе, Џуд Белингам и Винисиус Жуниор, додека Марк Кукуреља исто така се наоѓа на листата на кандидати. Клубот има претставници и во другите категории. Тибо Куртоа е во конкуренција за наградата за најдобар голман, Јан Диоманде е номиниран во категоријата за млад талент, а Фелиција Шредер се бори за признанието за најдобра млада фудбалерка.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.