Реал Мадрид го продава Алаба во Турција?

September 5, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Реал Мадрид го продава Алаба во Турција?

Искусниот дефанзивец Давид Алаба е пред разделба со Реал Мадрид, откако тренерот Чаби Алонсо јасно ставил до знаење дека не влегува во неговите идни планови. Најсериозна опција за неговата следна дестинација е Бешикташ, кој сака да го искористи фактот дека турскиот преоден рок сè уште е отворен. Клубот веќе воспоставил контакт со Алаба, а „кралевите“ му дале зелено светло за трансфер. Алаба моментно е со австриската репрезентација во подготовките за квалификациските натпревари против Кипар и БиХ. Сепак, се очекува веднаш по мечот во Зеница на 9 септември, 32-годишниот фудбалер да отпатува за Турција и да ги финализира преговорите.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.