Реал Мадрид го пронајде виновникот за големиот број на повреди на играчите

November 15, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Реал Мадрид го пронајде виновникот за големиот број на повреди на играчите

Реал Мадрид убедливо славеше против Осасуна викендов со 4-0, но победата падна во сенка поради повредите на Родриго, Васкес и Милитао. Токму за бразилскиот стопер сезоната е завршена, а Родриго и Васкес ќе бидат отсутни околу месец дена. Од претходно, лигаментите ги скинаа Карвахал и младиот Хоан Мартинез, а истите повреди лани ги имаа Куртоа, Алаба и повторно Милитао. Според информациите на „The Athletic“, Реал вината ја гледа кај кондицискиот тренер Антонио Пинтус каде некои од неговите принципи се сметаат за старомодни. Имало несогласување и околу важноста на километражата на играчите која ја трчаат на натпреварите каде и овде вина гледаат кај Пинтус, но и згуснатиот распоред на клубот. Друг проблем е и темпераментот на помошниот тренер Франческо Маури, па така наскоро би можеле да се очекуваат одредени промени во клубот.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.