June 8, 2025 | | Свет
Реал Мадрид го договори трансферот на еден од најголемите таленти од Јужна Америка – Франко Мастантуоно од Ривер Плејт. Младиот аргентинец ќе потпише долг договор до јуни 2031 година. „Кралскиот клуб“ ќе плати 45 милиони долари, но износот ќе се исплаќа во неколку рати. Иако имаше понуда од ПСЖ, Мастантуоно самиот сакал да заигра за Реал Мадрид. Се очекува трансферот официјално да се заврши следната недела, но според договорот, Мастантуоно ќе го одигра Клубското Светско Првенство со Ривер Плејт, а потоа ќе се пресели во Шпанија во август. Реал Мадрид го гледа како нов проект, слично како што беа доведени Винисиус, Родриго и Ендрик.
View this post on Instagram
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |