Реал Мадрид и Бразил му поставиле ултиматуми на Анчелоти

April 11, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Реал Мадрид и Бразил му поставиле ултиматуми на Анчелоти

Сѐ погласни се шпекулациите за неизвесната иднина на Карло Анчелоти на клупата на Реал Мадрид, додека шпанските медиуми постојано пишуваат за можните сценарија што го чекаат славниот стратег. Ситуацијата е комплицирана не само поради резултатите на тимот, туку и поради ултиматумот што Анчелоти го добил од бразилската фудбалска федерација, но и од Реал. Бразил му поставил јасен рок – до 31 мај, датумот на финалето во Лигата на шампионите, мора да одлучи дали ќе ја преземе селекторската функција на нивната репрезентација. Тоа го става италијанскиот тренер во непријатна позиција, бидејќи сезоната се уште е во тек, а иднината е неизвесна. Моменталната состојба не оди во корист на Анчелоти. Неговиот тим заостанува четири бода зад Барселона во Ла Лига, а првиот четвртфинален натпревар во Лигата на шампионите го загуби со убедливи 3-0 од Арсенал. Со вакви резултати, шансите за освојување на трофеи до крајот на сезоната се намалени. Реал Мадрид, според извори од Шпанија, веќе размислува за Чаби Алонсо, актуелниот тренер на Баер Леверкузен, кој е сериозен кандидат да го наследи Анчелоти ако работите не се развијат поволно, односно ако Реал не ја освои Ла Лига или Лигата на шампиони. Засега не е јасно дали успехот што се очекува вклучува и евентуален триумф на Светското клупско првенство.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.