September 13, 2025 | | Свет
Реал Мадрид продолжува со перфектниот старт во Ла Лига и по репрезентативната пауза, откако во Сан Себастијан славеше голема победа над Реал Сосиедад со 1-2 (0-2). Иако ВАР му поништи гол на Арда Гулер уште во втората минута, „кралевите“ брзо стигнаа до водство преку Килијан Мбапе, кој ја искористи грешката на одбраната и ја затресе мрежата. Во 30. минута Дин Хујсен доби црвен картон, оставајќи го својот тим со играч помалку. Сепак, тоа не ги спречи гостите – токму Гулер пред паузата зголеми на 0-2. Во второто полувреме Сосиедад беше поактивен и со 17 удари се обидуваше да се врати, но успеа само да го ублажи поразот преку Ојарзабал од пенал. Реал Мадрид по четири кола има максимални 12 бодови и останува лидер, додека Сосиедад останува со два бода од првите две кола.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |