Реал Мадрид ја намачи Севиља и ја испрати со четири гола во мрежата (ВИДЕО)

December 22, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Реал Мадрид ја намачи Севиља и ја испрати со четири гола во мрежата (ВИДЕО)

Реал Мадрид забележа убедлива победа од 4-2 против Севиља во 18. коло на Ла Лига, прескокнувајќи ја Барселона на втората позиција. Многу брзо беше решено прашањето за победникот, бидејќи „кралевите“ по нешто повеќе од половина час игра водеа со 3-0. Мбапе го отвори резултатот по само 10 минути игра, Валверде зголеми на 2-0 во 20. минута, а Родриго го постигна третиот гол. Севиља одговори веднаш, намалувајќи на 3-1 благодарение на голот на Ромеро една минута по третиот гол на Реал. Во второто полувреме, по само осум минути игра, Диаз го постигна четвртиот гол за Реал, правејќи го резултатот 4-1. Во 86. минута, Лукебакио постигна гол за конечни 4-2. По оваа победа, Реал Мадрид има 40 бода и се наоѓа на втората позиција на табелата, зад лидерот Атлетико Мадрид со 41 бод, додека Барселона има 38 бода, но и натпревар повеќе од ривалите од Мадрид.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.