Реал Мадрид не се предава: Со многу мака совладана Мајорка во 95. минута (ВИДЕО)

May 14, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Реал Мадрид не се предава: Со многу мака совладана Мајорка во 95. минута (ВИДЕО)

Реал Мадрид со доцен погодок славеше победа над Мајорка (2-1) и ја одложи евентуалната шампионска прослава на Барселона. Мечот на „Сантијаго Бернабеу“ понуди неочекуван развој, а херој за „кралевите“ стана 20-годишниот Јакобо Рамон, кој во само својот втор настап за сениорскиот тим го постигна првиот, но златен гол. Стадионот во Мадрид, кој за првпат оваа сезона не беше целосно исполнет, стана сцена на уште една фудбалска приказна. Гостите поведоа уште во 11. минута преку Валјент, што ги замолчи трибините и ја навести можноста Реал да го испушти чекорот во трката со Барса. Меѓутоа, „кралевите“ го вклучија моторот во вториот дел. Килијан Мбапе израмни во 68. минута, а потоа следеше вистинска драма. Гостинскиот голман Роман беше неверојатен со повеќе од десет интервенции, но ниту тој не можеше да го сопре прецизниот удар на Рамон во 95. минута. Со оваа победа, Реал ги задржа шансите, макар и теоретски, за освојување на титулата, додека Барселона ќе мора да слави утре против Еспањол доколку сака да го обезбеди 28-от шампионски трофеј во Примера.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.