April 25, 2025 | | Свет
Шпанскиот гигант Реал Мадрид официјално потврди дека ќе го одигра утрешното финале против својот најголем ривал Барселона, по шпекулациите дека тимот би можел да се повлече од натпреварот поради нивното соопштение околу судиите. Во него, Реал Мадрид истакнува дека „никогаш не размислувал да се откаже од играњето на утрешното финале“. Повикот до јавноста доаѓа по изјави на судиите назначени за натпреварот, кои клубот ги оценува како „несреќни и несоодветни“, дадени само 24 часа пред стартот на големиот дуел. „Реал Мадрид разбира дека овие изјави не можат да го оцрнат спортскиот настан од глобално значење што ќе го следат стотици милиони гледачи ширум светот“, се наведува во соопштението. Клубот упати и порака на почит кон навивачите кои патуваат во Севиља и веќе пристигнале во градот, оценувајќи ја нивната поддршка како „дополнителен мотив“. И покрај, како што велат, „очигледниот анимозитет и непријателство“ од страна на судиите, клубот изрази уверување дека „вредностите на фудбалот мора да преовладуваат“. Финалето меѓу Реал Мадрид и Барселона се очекува со огромен интерес, не само поради историското ривалство, туку и поради тензијата што ја донесоа последните настани пред мечот.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |