August 25, 2024 | | Свет
Реал Мадрид „на мускули“ го совлада Ваљадолид со 3-0 во првиот натпревар на домашен терен во шпанскиот шампионат. Ова е прва победа за Реал во Ла Лига откако во првото коло ремизираа со Мајорка. Во првото полувреме гостите издржаа да не примаат гол, а во второто полувреме резултатот го отвори Валверде со прекрасниот удар од далечина при изведувањето на слободен удар. Вториот гол го постигна Дијаз на асистенција на Милитао, а во листата на стрелци се запиша и талентираниот Ендрик кој го постигна првиот гол во дресот на Реал Мадрид.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |