Реал Мадрид пресилен за Сити, Мбапе запиша хет-трик (ВИДЕО)

February 19, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Реал Мадрид пресилен за Сити, Мбапе запиша хет-трик (ВИДЕО)

Реал Мадрид убедливо го совлада Манчестер Сити со 3-1 во реваншот од плеј-офот во Лигата на шампионите, обезбедувајќи пласман во осминафиналето со вкупен резултат 6-3. Главен херој на натпреварот беше Килиан Мбапе, кој со хет-трик ги сруши надежите на англискиот шампион. Францускиот напаѓач погоди уште во четвртата минута, вторпат ја затресе мрежата во 33. минута, а во 61. минута ја потврди победата на Реал со својот трет гол. Единствениот погодок за Сити го постигна Нико Гонзалез во втората минута од судиското продолжение. За Реал на овој натпревар настапи и Давид Алаба по долг период без игра, додека Манчестер Сити беше ослабен со отсуството на Ерлинг Халанд, кој остана на клупата поради проблеми со коленото. ПСЖ, пак, немаше милост против Брест, иако веќе имаше сигурна предност од 3-0 од првиот меч. Во реваншот на „Паркот на принцовите“ тимот на Луис Енрике одигра блескав натпревар и го декласираше ривалот со убедливи 7-0. Головите ги постигнаа Баркола, Кварацкелија, Витиња, Дезире Дуе, Нуно Мендеш, Гонсало Рамос и младиот Сени Мајулу.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.