Реал Мадрид сака услуга од Манчестер Јунајтед за трансфер

May 2, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Реал Мадрид сака услуга од Манчестер Јунајтед за трансфер

По разочарувачката сезона, Реал Мадрид планира силен трансфер пазар, а една од целите е левиот бек на Бенфика, Алваро Карерас. 23-годишниот шпански фудбалер има откупна клаузула од 60 милиони евра, но „кралскиот клуб“ има план како да ја преполови сумата. Карерас минатото лето премина во Бенфика од Манчестер Јунајтед, кој пак задржа опција да го врати за само 18 милиони евра. Реал Мадрид побарал од „црвените ѓаволи“ да ја активираат таа опција и потоа да им го продаде за 30 до 35 милиони евра, трансфер трик што би им заштедил милиони. Интересно, Карерас всушност е поранешен член на младинскиот погон на Реал Мадрид, но на 17 години замина во Јунајтед. По неуспешни позајмици, конечно се пронајде во Бенфика, каде блесна оваа сезона.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.