Реал Мадрид ТВ повторно се жали: Сезоната ќе биде наместена и манипулирана

August 6, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Реал Мадрид ТВ повторно се жали: Сезоната ќе биде наместена и манипулирана

Реал Мадрид испрати официјално барање до Ла Лига за одложување на натпреварот од првото коло против Осасуна, закажан за 19 август, поради краткиот период за одмор по настапот на Светското клупско првенство. „Кралевите“ сметаат дека нема доволно време за тимот да се врати во натпреварувачки ритам, а клубската телевизија остро ги нападна челниците на лигата, посебно претседателот Хавиер Тебас. „Барање за одложување испративме на 9 јуни бидејќи очекувавме долг настап на Светското клупско првенство, а потоа играчите добиваат одмор. Одговорот го добивме неодамна на 31 јули, а дотогаш нè игнорираа. Лигата ја затвори вратата за логиката, спортската медицина и интегритетот на првенството. Првиот човек на Ла Лига, Хавиер Тебас е познат мразител на Реал Мадрид. Тој отворено критикуваше и кажа дека натпреварот не смее да се одложи. Ова е манипулација. Сезоната 2025/26 е манипулирана и наместена,“ се вели во прилогот на Реал Мадрид ТВ. Последниот натпревар на Светското клупско првенство Реал го одигра на 9 јули, а единствениот подготвителен меч е закажан за 12 август против австриски Тирол. Сепак, дел од шпанските медиуми забележуваат дека „кралевите“ не се единствени кои играа на Мундијалот во САД, па нејасно е зошто клубот бара посебен третман.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.