Реал Мадрид ТВ: УЕФА измислува секакви начини за да не исфрли од ЛШ

January 31, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Реал Мадрид ТВ: УЕФА измислува секакви начини за да не исфрли од ЛШ

Клупската телевизија на Реал Мадрид повторно предизвика контроверзии, овој пат насочувајќи ги своите критики кон претседателот на УЕФА, Александар Чеферин. Телевизијата на „кралевите“ објави дека ждрепката била наместена, алудирајќи дека УЕФА секоја година наоѓа начин да му наштети на Реал. „Шест титули во последните 10 години ја зголемија злобата на Чеферин до размери на Гренланд“, напиша Алварез на Твитер, што многумина го протолкуваа како порака од Флорентино Перез пренесена преку клубски новинари. Реал Мадрид повторно ќе се соочи со Манчестер Сити во Лигата на шампионите, четврта сезона по ред, но овој пат уште во плеј-офот за осминафинале. Не е првпат клубската телевизија на „кралевите“ без задршка да упатува жестоки критики кон Ла Лига, судиската организација, Барселона и УЕФА, што повторно отвори полемики во фудбалската јавност.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.