Реал може да ја напушти Ла Лига и да се префрли во друга лига

February 17, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Реал може да ја напушти Ла Лига и да се префрли во друга лига

Шпанскиот првак размислува за можноста да се натпреварува во друго првенство, напуштајќи ја Ла Лига поради, како што тврдат, тенденциозното судење оваа сезона. Каталонскиот весник Sport ја објави оваа информација, но таа треба да се земе со одредена резерва. Според истиот извор, клубот од Мадрид би можел да се пресели во Серија А или Лига 1, но постапката за таков потег не е толку едноставна. Иако Реал е еден од најпопуларните клубови во светот и би донел значителни финансиски придобивки, правните и административните пречки би можеле да бидат сериозен проблем. Нешто слично се зборуваше и за Барселона во периодот кога Каталонија се обидуваше да се отцепи од Шпанија, но на крајот не дојде до такво сценарио. Во Реал, меѓутоа, оваа сезона се разочарани од судењето, а кулминација на нивното незадоволство беше исклучувањето на Џуд Белингам на натпреварот против Осасуна, по што тимот од Мадрид освои само бод во Памплона.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.