Реал направи притисок врз судиите и си направи алиби во случај на нов пораз од Барселона

April 26, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Реал направи притисок врз судиите и си направи алиби во случај на нов пораз од Барселона

Реал Мадрид, како што беше планирано, вечерва од 22 часот ќе излезе на теренот против Барселона во финалето на Кралскиот куп. По денови полни со соопштенија, шпекулации и интензивни разговори, клубот официјално соопшти дека ја разбира потребата фудбалските вредности да надвладеат, и покрај јасната анимозност која ја чувствуваат од страна на судиите назначени за мечот. Од Реал упатија посебна почит кон своите навивачи кои веќе пристигнаа во Севилја, каде на стадионот „Ла Картуха“ ќе се одржи финалниот натпревар. Интересно е што клубот, преку овој став, се позиционира како жртва, без отворено да го спомне судијата Рикардо де Бургос Бенгоечеа, кој цела недела беше таргетиран преку клупската телевизија. Сезонава, Реал очигледно не ги достигна стандардите на својата традиција во дуелите со Барселона, која убедливо ги доби сите претходни пресметки. Се поставува прашањето дали целата оваа врева е однапред создадено алиби за евентуален неуспех на теренот.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.