Реал не може да произведе стопер, па тргнува по Салиба!

October 10, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Реал не може да произведе стопер, па тргнува по Салиба!

Реал Мадрид има проблеми и на стоперската позиција. Покрај повредата на Карвахал за кој Реал ќе мора да најде замена, сличното прашање се отвара и за стоперската позиција. Милитао и Алаба се повредени, Начо замина, па Реал Мадрид планира да донесе квалитетен и здрав стопер. Според информациите на „Le10Sport“, изборот паднал на најдобриот стопер на Арсенал Вилијам Салиба. Реал бесплатно сака да ги донесе Тренет Александер-Арнолд и Алфонсо Дејвис, чии договори истекуваа на крајот од сезоната, но по Англичанецот би можеле да тргнат и во јануари бидејќи само Лукас Васкес е достапен десен бек. Наводно, Флорентино Перез веќе воспоставил контакт со претставниците на 23-годишпниот француски репрезентативец. Исто така, Перез е спремен да даде колку што Арсенал бара за Салиба.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.