Реал не му дозволи на Мбапе да присуствува на мадридското дерби, има добра причина

September 29, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Реал не му дозволи на Мбапе да присуствува на мадридското дерби, има добра причина

Реал Мадрид вечерва ќе му гостува на градскиот ривал Атлетико во рамките на осмото коло од Ла Лига. Килијан Мбапе во моментов е повреден каде ќе отсуствува околу три недели. Французинот имаше желба да присуствува на „Ванда Метрополитано“, но тоа е невозможно, а има и добра причина за тоа. Според информациите на „L'Equipe“, клубот не му го дозволи тоа заради безбедносни причини. Имено, официјалните лица на Реал Мадрид наводно сметале дека е ризично Мбапе да биде присутен на стадионот, стравувајќи од потенцијални инциденти со домашната публика. Ваквата одлука е донесена поради претходен инцидент со расна злоупотреба кој го инволвираше Винивиус Жуниор за време на мадридското дерби во 2022 година. Пред две години домашните навивачи Атлетико Мадрид го таргетираа Винисиус со расистички извици.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.