July 28, 2024 | | Свет
Откако пропадна трансферот на младиот Јоро кој премина во Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид наводно ги променил плановите и засега нема да ангажира нов стопер. Бил организиран состанок на кој било одлучено да не се ангажираат нови играчи барем до крајот на август за да се разјасни ситуацијата со повредата на Давид Алаба. Ако во меѓувреме се потврди дека Австриецот закрепне до октомври-ноември, клубот нема да набавува играчи за неговата позиција во летниот преоден рок. Во случај Алаба да не биде спремен до тогаш, Реал ќе мора да тргне по нов стопер. Позицијата стопер може да ја покрие Чуамени, како и младинци од школата како Жоан Мартинез и Јакобо Рамон.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |