Реал поднесе жалба за црвениот на Винисиус: Сметаат дека тој е жртва

January 6, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Реал поднесе жалба за црвениот на Винисиус: Сметаат дека тој е жртва

Реал Мадрид поднесе жалба против црвениот картон што Винисиус Жуниор го доби на натпреварот против Валенсија на „Месталја“ во петокот. Клубот тврди дека Бразилецот не е единствениот виновник во ситуацијата и бара повторно разгледување на случајот. Винисиус Жуниор сè уште ја очекува конечната одлука на Ла Лига за евентуалната суспензија, која според правилата може да биде најмалку четири натпревари, а најмногу 12. Тој доби директен црвен картон поради инцидент со голманот Столе Димитриевски, што дополнително ескалираше со вербална расправија со судијата Сото Градо. Реал во својата жалба истакнува три клучни точки зошто веруваат дека суспензијата не треба да се изрече или да биде минимална:

  1. Димитриевски го испровоцирал Винисиус пред инцидентот.
  2. ВАР анализата била пристрасна и го разгледала само моментот на физичкиот контакт, без да ги земе предвид претходните настани.
  3. Судиските извештаи содржат противречни описи на настаните.
Додека се чека одлуката, ситуацијата се комплицира со блискиот шпански Суперкуп во Џеда, каде Реал би можел да го загуби Винисиус за натпревари, вклучително и евентуалното финале против Барселона или Атлетик Билбао.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.