December 13, 2024 | | Свет
Реал Мадрид чувствува дека ја губи битката за потписот на дефанзивецот на Баерн Минхен, Алфонсо Дејвис, пренесува „Cadena SER“. Клубот од „Бернабеу“ смета дека нема да успее да го доведе канадскиот лев бек, чиј договор со баварскиот тим истекува на крајот од оваа сезона. Иако долго време се веруваше дека Дејвис ќе ја продолжи кариерата во Реал, последните недели ситуацијата комплетно се промени. Реал Мадрид побарал од Дејвис конечен одговор до јануари, за да можат да се насочат кон други опции за оваа позиција. Во исто време, Баерн Минхен продолжува да води преговори со агентот на Дејвис, Ник Хаусе, и иако не се постигнати конечни услови за нов договор, баварците успеале да го натераат играчот да ги преиспита своите опции. Очекувањата се дека Алфонсо Дејвис ќе донесе конечна одлука најдоцна до февруари, кога ќе биде јасно дали ќе потпише нов договор со Баерн Минхен или ќе се одлучи за нов клуб. Во моментов, најголемата веројатност е дека канадскиот бек ќе остане во Минхен.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |