March 12, 2025 | | Свет
Реал Мадрид беше подобар од Атлетико Мадрид после пенал-серијата во која одлучувачкиот пенал го постигна Антонио Ридигер. Со ова Реал избори место во четвртфиналето на Лигата на шампионите, совладувајќи го Атлетико Мадрид по изведување пенали во драматичен реванш на „Ванда Метрополитано“. „Јорганџиите“ славеа со 1-0 во регуларниот дел, а бидејќи голови немаше во дополнителните триесет минути, патникот во следната рунда беше одлучен со удари од белата точка. Мадридското дерби започна со шок за „кралевите“, кога по само триесет секунди Конор Галагер, по центаршут на Де Пол, успеа да го совлада Куртоа. Ова беше негов прв гол во Лигата на шампионите, а трибините експлодираа од радост. Анчелоти направи измени во составот, враќајќи го Лука Модриќ во првиот тим на местото на Дијаз, а офанзивната линија повторно ја сочинуваа Родриго, Винициус и Мбапе. На спротивната страна, Диего Симеоне му даде шанса на Галагер од првата минута, а Мандава го зазеде местото на Галан на левата бековска позиција. Реал Мадрид доминираше со поседот на топката, но без сериозни шанси, завршувајќи го првиот дел со само еден удар во рамките на голот. Атлетико одговори со неколку опасни контри, но Куртоа ги неутрализираше обидите на Алварез. Во второто полувреме, Анчелоти направи нови ротации, внесувајќи свежина во средниот ред со Камавинга и Лукас Васкез. Мбапе, по индивидуален слалом, беше соборен од Ленгле во шеснаесетникот, а судијата покажа на белата точка. Винициус Јуниор ја презеде одговорноста, но катастрофално го изведе пеналот, шутирајќи високо над голот. Продолженијата не донесоа голови, иако темпото на игра остана високо. Во пенал-рулетот, Реал беше посигурен. ВАР му го поништи погодокот на Алварез поради двоен контакт со топката, а Љоренте ја погоди пречката. Во четвртфиналето, Реал Мадрид ќе се сретне со Арсенал, кој претходно го елиминираше ПСВ Ајндховен.
Have you ever seen anything like it? Despite slipping, Julian Alvarez thought he had scored his penalty kick. But after a VAR intervention, it was ruled out after it hit the net for a double touch.#UCL 🎥 @footballontnt pic.twitter.com/cnoGYZVC2y
— The Athletic | Football (@TheAthleticFC) March 12, 2025
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |