July 16, 2025 | | Свет
Бразилскиот офанзивец Родриго би можел да ја напушти Реал Мадрид во летниот преоден рок, но „кралевите“ јасно ставија до знаење: не го пуштаат под 100 милиони евра. Како што пренесува шпанскиот весник „АС“, најголем интерес за Родриго покажува Ливерпул, кој гледа во него потенцијална замена за Салах, а во трката се вклучил и Арсенал, кој се обидува да го зацврсти офанзивниот ред пред новата сезона. Ситуацијата околу бразилецот будно ја следеше и Баерн Минхен, но германскиот гигант не е подготвен да плати над 70 милиони евра, па своето внимание го пренасочил кон Луис Дијаз од Ливерпул, кој се смета за подостапна и поевтина опција.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |