Реал предупреди: Последен пат играме во вакви услови!

March 15, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Реал предупреди: Последен пат играме во вакви услови!

Реал Мадрид неодамна го заврши својот натпревар против Атлетико, непосредно пред полноќ во средата, а веќе денеска, помалку од 72 часа подоцна, излезе на терен против Вилјареал. Натпреварот на „Ла Керамика“ започна во 18:30 часот, а Реал Мадрид, преку својата официјална телевизија, испрати јасна порака околу распоредот и напорниот ритам на натпреварување. Незадоволни од третманот по интензивниот дуел со Атлетико, „кралевите“ нагласија дека повеќе нема да прифаќаат да играат натпревари без да имаат барем 72 часа одмор. „Ова е јасната порака што клубот сака да ја испрати: Реал Мадрид никогаш повеќе нема да игра натпревар под вакви услови. Во иднина ќе бараме заштита од ФИФА, за ваквата ситуација да не се повтори“, велат тие. Иако правилникот на ФИФА предвидува дека тимовите не смеат да играат два меча во период пократок од 72 часа, реалноста е поинаква – Реал Мадрид вечерва ќе се соочи со Вилјареал, само 66 часа по тешката пресметка во Лигата на шампионите против Атлетико.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.