December 18, 2024 | | Свет
Реал Мадрид без никакви проблеми успеа да слави на Пачука со што го освои Интерконтиненталниот Куп во натпревар во кој славеше 3-0. Избраниците на Карло Анчелоти уште на самиот почеток не сакаа ништо да препуштат на случајност, па влегоа мотивирани со желба за победа. По 37 минути игра, Килијан Мбапе го доведе Реал во водство по прекрасната асистенција на Винисиус Жуниор. Таа минимална предност ја задржаа и на полувремето, а во вториот дел само го доработија планираното. Силната офанзивна игра на Реал продолжи, со многу повеќе шанси отколку што противникот успеа да создаде. По една прекрасно изведена акција, Мбапе овој пат беше асистент за Родриго, кој со маестрален удар, откако помина двајца дефанзивци, ја удвои предноста на „кралевите“ на 2-0. Во финишот на натпреварот, Винисиус Жуниор го стави конечниот печат, постигнувајќи гол за 3-0 во 84. минута и комплетирајќи ја доминацијата на Реал. Мексиканскиот тим, Пачука, имаше само една сериозна шанса да ја намали разликата, но Куртоа беше сигурен на голот. Иако се трудеа, тимот од Мексико беше далеку под нивниот противник, и на крајот не можеа да избегнат пораз. Со конечни 3-0, Реал Мадрид ја одбрани титулата на Светското клупско првенство или Интерконтиненталниот Куп, освојувајќи ја шестата во историјата на клубот. Од следната година, ова престижно натпреварување ќе се одржува во нов формат со учество на 32 екипи, што ќе донесе нови предизвици и возбудувања.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |