Реал се наближува до целта: Алонсо и Вирц во пакет!

November 1, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Реал се наближува до целта: Алонсо и Вирц во пакет!

Реал Мадрид покажал сериозен интерес за да го донесе Флоријан Вирц. Манчестер Сити исто така бил информиран за интересот на тимот од Мадрид. Воедно, започнати се преговорите помеѓу Вирц и Реал Мадрид иако моментално клубовите немаат отворено никакви преговори, пренесува новинарот Флоријан Плетенберг. Леверкузен останува оптимист дека Вирц ќе остане или дури и ќе го продолжи договорот. Германскиот клуб преферира да го продаде Вирц во Реал Мадрид наместо во Баерн Минхен. Воедно, Сити покажува огромен интере за Чаби Алонсо во случај Пеп Гвардиола да замине. Леверкузен верува дека Алонсо ќе заврши во Реал Мадрид кои во моментов се фаворити за негов потпис. Со ова, ќе се зголемат шансите за трансфер на Вирц во Реал Мадрид, тврди германскиот новинар.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.