Реал се нуди да помогне за подобро судење: Постојано судиите му наштетуваат на клубот

February 14, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Реал се нуди да помогне за подобро судење: Постојано судиите му наштетуваат на клубот

Реал Мадрид планира да предложи реформи во судискиот систем, како одговор на неодамнешните одлуки кои предизвикаа големи реакции. Според шпанските медиуми, клубот од Мадрид ќе се фокусира на транспарентноста во ВАР-технологијата и на подобрување на начинот на признавање на судиските грешки. Претходно, Реал Мадрид поднесе официјална жалба до Кралската шпанска фудбалска федерација, барајќи целосна ревизија на судискиот систем. Тие ги обвинија арбитрите дека континуирано му нанесуваат штета на клубот, особено по натпреварот со Еспањол. Кралскиот клуб сега сака да воведе конкретни промени во системот со цел подобрување на неговото функционирање и елиминирање на контроверзните моменти.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.