December 10, 2024 | | Свет
Реал Мадрид успеа да ја совлада Аталанта со резултат 2-3 во Бергамо во еден исклучително цврст, но важен натпревар за тимот од Мадрид. Резултатот го отвори Мбапе уште во 10. минута на асистенција на Брахим Дијаз. Во 36. минута Французинот се повреди и го напушти теренот, а пред самиот крај на првиот дел Аталанта со удар од белата точка се врати во игра, а стрелец беше Де Кетеларе. Реал постигна два брзи гола во 56. и 59. минута преку Винисиус и Белингем. Во 65. минута Лукман ги врати надежите на навивачите на Аталанта, а до крај домаќините имаа големи пропуштени шанси, но не успеаа да се вратат во игра. Најголемата шанса ја имаше Ретеги во 94. минута каде буквално промаши зицер во една ситуација во која можеби и ќе имаше офсајд. Ова беше важна победа за тимот на Анчелоти кој сега се наоѓа на 18. место со 9 бода. Славеше и Баерн на гостувањето кај Шахтар со 1-5 каде стрелци беа Лајмер, Милер, Олисе во два наврати и Мусиала, а кај домаќините погоди Кевин. Победи и ПСЖ во натпревар во кој едноставно мораа да слават за да ја подобрат својата позиција. Совладан беше Салзбург со резултат 0-3 а стрелаа Рамош, Мендеш и Дуе. Останати резултати: Жирона - Ливерпул - 0-1 Брест - ПСВ - 1-0 Клуб Бриж - Спортинг - 2-1 Леверкузен - Интер - 1-0 Лајцпиг - Астон Вила - 2-3
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |