Реал шокиран: Дортмунд води 2-0 на полувреме! (ВИДЕО)

October 22, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Реал шокиран: Дортмунд води 2-0 на полувреме! (ВИДЕО)

Борусија Дортмунд води со 2-0 на полувреме против Реал Мадрид во третото коло од Лигата на шампионите. Стрелци за Дортмунд беа Дониел Мален и Џејми Гитенс. Првиот гол падна во 30. минута откако Гираси прекрасно го проигра Мален во шеснаесетникот, а четири минути подоцна Гитенс стрелаше по одличната асистенција од Мален. Реал Мадрид потоа погоди две пречки, првата преку Родриго, а втората преку Белингем, но гол немаше. Не очекува интересно второ полувреме каде Реал Мадрид ќе брка негатива од два гола.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.