September 16, 2025 | | Свет
Реал Мадрид со играч помалку успеа да стигне до победа од 2-1 против Олимпик Марсеј на „Сантијаго Бернабеу“. Тимот од Франција поведе преку Тимоти Веа во 22. минута, но Килијан Мбапе со два реализирани пенали (29’ и 81’) донесе пресврт за „кралевите“. Од 72. минута домаќините играа без исклучениот Дани Карвахал, но блескавата форма на голманот на Марсеј, Херонимо Рули, кој имаше дури 13 одбрани, не беше доволна за да спречи пораз. Голема сензација се случи во Лисабон, каде Карабах направи историски подвиг победувајќи ја Бенфика со 2-3. Домашните рано поведоа со Баренечеа и Павлидис за 2-0, но Леандро Андраде намали уште во првиот дел, а во второто полувреме Дуран и Кашчук со голови донесоа незаборавен пресврт за азербејџанскиот тим. Во Лондон, Тотенхем славеше минимално со 1-0 против Виљареал благодарение на несреќната реакција на голманот Луиз Жуниор, кој уште во 4. минута си постигна автогол. „Спарси“ потоа ја контролираа играта и ја задржаа предноста до крај.
🚨🇪🇺 MBAPPE GIVES REAL MADRID THE LEAD IN THE 81ST MINUTE !!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
Real Madrid 2-1 Marseille.pic.twitter.com/lz5xhuAxdc — Tekkers Foot (@tekkersfoot) September 16, 2025
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |