Реал со фудбалер помалку ја покори Пачука (ВИДЕО)

June 22, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Реал со фудбалер помалку ја покори Пачука (ВИДЕО)

Иако уште од 7. минута играа со човек помалку, фудбалерите на Реал Мадрид ја совладаа мексиканската Пачука со убедливи 3-1 во второто коло од Светското клупско првенство во САД. Сценариото не можеше да биде полошо за Чаби Алонсо — Марко Асенсио направи фаул за кој не постоеја дилеми: директен црвен картон и шок за „белата“ клупа. Сепак, наместо да потонат, „кралевите“ се издигнаа. Џуд Белингам го отвори резултатот со прецизен удар, а веднаш по него блесна младата ѕвезда Арда Ѓулер, кој ја удвои предноста и со тоа ја смири нервозата кај шпанскиот состав пред паузата. Во вториот дел, Феде Валверде ја потврди доминацијата со мајсторски погодок за 3-0. Пачука постигна утешителен гол преку Монтиел.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.