April 25, 2025 | | Свет
Претседателот на Кралската шпанска фудбалска федерација Рафаел Лоузан потврди дека судиите за утрешното „Ел Класико“ финале во Купот на Шпанија нема да бидат променети и покрај притисокот на Реал Мадрид истото да се случи. „Ги ангажиравме тие судии за утрешното финале и тие нема да бидат променети“, вели Лоузан. Хаосот настана откако судијата Рикардо Де Бургос Бенгочеа денес призна дека има притисок од Реал Мадрид и дека дури и неговиот син примал навреди кон неговиот татко. На прес-конференцијата покрај него беше присутен и Пабло Гонзаес Фуертес, кој ќе биде задолжен за ВАР-технологијата. По назначувањето на Де Бургос како главен судија за финалниот натпревар, Реал Мадрид реагираше бурно, објавувајќи видео со наводни грешки кои, според нив, биле на нивна штета. Навредени од зборовите на судијата, Реал Мадрид побара да се променат судиите бидејќи не можат да зборуваат така против нив. Сега останува на Перез да донесе конечна одлука дали неговиот тим ќе настапи утре или не.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |