April 25, 2025 | | Свет
Милан ја прекина надежта на Интер за тројна круна и со импресивна победа од 0-3 во реваншот си обезбеди пласман во финалето на Купот на Италија. По тој триумф, еден од клучните играчи на „росонерите“, Тиџани Рејндерс, кој постигна гол на „Меаца“, не пропушти можност да упати и директна провокација до лутиот градски ривал. „Милано е обоен во црвено и црно, Интер не успеа да нè совлада ниту еднаш оваа сезона“, изјави Холанѓанецот во разговор за „Газета дело Спорт“. Милан сезонава делува нестабилно против останатите тимови од врвот на табелата, но кога станува збор за дерби со Интер, тогаш блеска со полн сјај. Во првиот дуел во Серија А триумфираа со 1-2, потоа во финалето на Суперкупот направија спектакуларен пресврт за победа од 2-3. Малку фалеше да ги добијат и на вториот првенствен натпревар, но „нераѕурите“ се спасија со доцна израмнувачка акција во 93. минута. И првиот натпревар во полуфиналето од Купот заврши без победник (1-1), а Рејндерс потенцира дека токму последното дерби било нивниот најдобар настап од сите пет оваа сезона. „Јасно покажавме што сме во состојба да направиме. Пет меча, ниту еднаш не нè победија“, додаде со самодоверба фудбалерот на Милан.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |