September 17, 2025 | | Свет
Реал Мадрид со многу мака го совлада Олимпик Марсеј со 2-1 на отворањето на новата сезона во Лигата на шампионите, но мечот ќе остане запаметен по историскиот настап на аргентинскиот голман Херонимо Рули. Иако Килијан Мбапе со два прецизни удари од белата точка му донесе победа на „кралскиот клуб“, вистински херој на теренот беше чуварот на мрежата на Марсеј. Рули го заврши натпреварот со вкупно 13 одбрани, од кои дури 10 во првото полувреме. Токму таа бројка претставува апсолутен рекорд во историјата на Лигата на шампионите – никој голман досега немал толку интервенции во едно полувреме. И покрај поразот, Рули остави силен впечаток и ја впиша својата вечер во историјата на најголемото европско клупско натпреварување.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |